25 години УЈП

Од декември граѓаните ќе ги добиваат парите од скенираните фискални сметки, најави Лукаревска

Од декември ќе почне исплатата од повратот на ДДВ што граѓаните го прават со скенирањето на фискалните сметки и тоа за првото тромесечие, за јули, август и септември, соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„Од 1 јули започнавме со реализација за проектот МојДДВ односно поврат на 15 проценти од платениот ДДВ кон граѓаните кој има за цел да ги врати парите кај граѓаните и да придонесе за намалувањето на сивата економија. Заклучно со денешниот ден бројот на корисници е 183.572,  скенирани се 38.514.016 фискални сметки, а остварен е прометот од 18.877.173.838 денари. Повратот од 15 проценти е во висина од 4.986.000 евра“, рече Лукаревска и апелираше до корисниците на апликацијата МојДДВ да го внесуваат точниот број на трансакциската сметка.

Лукаревска, по повод 25 годишниот јубилеј на Управата, информираше дека за првите десет месеци оваа година УЈП остварила вкупен даночен приход од 68 милијарди денари, кој е за три проценти повисок од остварениот приход минатата година, односно за 10 отсто повисок од 2017 година.

„Не помалку значајни резултати се постигнати и во наплатата на социјалните придонеси од плата во периодот јануари – октомври 2019 година. Остварен е вкупен приход по основ на социјални придонеси од плата во износ од 59,4 милијарди денари. Овој износ е повисок за 8,6 проценти во однос на истиот период од 2018 година, односно за 16,3 отсто од 2017 година во истиот период“, рече Лукаревска.

Таа информираше и за повраток кон фирмите што според неа е без селекција и во однос на 2019 до октомври извршен е поврат за 41,5 проценти поголем од 2015 година.

Лукаревска потсети на реализираните проекти како што е електронскиот систем за персонален данок  Е-ПДД, потоа Системот за проценка на ризик за даночна контрола кој се воведе со цел за воспоставување на објективна и точна селекција на даночните обврзници за контрола.

По повод 25 години УЈП Управата ќе организира крводарителска хуманитарна акција, средба со 100 компании кои се најголеми плаќачи во државава, а со претставниците од даночните админстрации од регионот ќе се одржи и тркалезна маса.

Законот за УЈП, Собранието на РМ го донесе на седницата одржана на 24 декември 1993 година, а стапи на сила од 1 јануари 1994 година. Со овој закон се формираше УЈП и се уреди работите на утврдување, контрола и наплата на јавните приходи од даночните обврзници.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе