Министерство за здравство

Од 2000 година досега реализирани преку 500 трансплантации на коскена срцевина

Преку 500 трансплантации на коскена срцевина се направени во земјава заклучно со 2018 година, а од лани почна да се спроведува и т.н. трансплантација од несроден донор. Во почетокот на 2019-та пак, преку меморандум за соработка е овозможено реализирање сродни и несродни трансплантации и кај пациенти постари од три години.

„Со ова не само што инвестиравме во поддршка на инфраструктурата и лековите, туку и во соработка со многу центри се зголеми експертизата на нашите лекари и таа нова метода стана достапна за сите пациенти. Тие нема да мора да се упатуваат на лекување во странство, туку ќе се лекуваат блиску  до нивните домови со што ќе се заштедат огромни средства од Фондот за здравстевно осигурување, но и за самите семејства кои ги трошеа“, изјави денека министерот за здравство Венко Филипче, дополнувајќи дека трансплантација на коскена срцевина, како тераписка метода за пациентите со малигни хематопоетски заболувања, беше воведена во земјава во 2000 година.

Според директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис востановена е стандардизирана услуга, еднаква по квалитет со онаа во европските центри, што пртетставува голем успех.

Таа им порача на осигурениците дека Клиниката за хематологија со воведувањето на различните типови трансплантација за возрасни и деца нуди опција повеќе за излекување од тешките малигни хематолошки заболувања.

Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика рече дека конечната цел е да се успее меѓу македонски дарители да се најдат соодветни донори.

„Се стремиме да ја зголемиме бројката на запишани доброволни дарители со што шансите за секој пациент во нашата земја да најде соодветен дарител би се зголемиле и се би одело многу полесно“, подвлече тој.

Моментно, како што истакна Петличковски,  околу 3.300 доброволни дарители се запишани во регистарот, но таа бројка во споредба со Хрватска која има 50.000 дарители е прилично ниска. Оцени дека би било добри кога би имале регистер со 10.000 дарители.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев рече дека годишниот буџет што Фондот го одвојува за хематологија  се зголемува, така што во 2018 година изнесувал пет милиони евра, а за оваа година се издвоени над 6,5 милиони евра.

 Пановска Ставридис посочи дека денеска во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ, Медицинскиот факултет и Министерството за здравство почнува кампањата „Биди срцевина, биде херој“ чија цел е да се зголеми свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, дарувајќи коскена срцевина, секој да може да спаси човечки живот.

Кампањата беше промовирана во рамки на првата дводневна работилница за трансплантација на коскена срцевина насловена „Идни перспективи и предизвици“ што се одржува на Медицинскиот факултет во Скопје. Учествуваат 60 врвни меѓународни експерти од земјава и од странство од областа на трансплантацијата на коскена срцевина.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе