Скенирани 40 милиони фискални сметки

Од 15 декември започнува #МојаНаграда, највисоката награда 50.000 евра

Од 15 декември започнува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, која ќе трае една година и на која ќе се доделат две главни премии од по 50.000 евра, секој месец ќе се доделуваат 15 награди од по 100.000 денари, додека секој ден ќе се доделуваат по 10 награди - 4 по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари. 

„Вкупниот фонд на #МојаНаграда е половина милион евра, а ќе можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се регистрирани во системот на е-персонален данок и кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ”, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција на која беше претставена #МојаНаграда.

Според неа, добитниците на дневна основа ќе се извлекуваат софтверски преку електронски генератор и ќе бидат известени преку самата апликација „МојДДВ". Тие ќе добијат известување колкава награда добиле или доколку не добиле награда ќе добијат едукативна порака. Оние кои при скенирање на сметките нема да добијат дневна награда, ќе учествуваат во извлекувањата на месечно ниво и на извлекувањата за премиите. Извлекувањата за месчените награди и за премиите ќе бидат јавни.

„Целта на #МојаНаград е да биде засилување на мерката МојДДВ - која патем дава одлични резултати во сузбивањето на сивата економија. #МојаНаграда треба да ги мотивира луѓето да ги скенираат и оние сметки со помали суми на ДДВ, , кои претходно не ги скенирале, како и да ги натера да продолжат да скенираат сметки откако ќе го надминат месечниот праг за поврат на ДДВ”, изјави Ангеловска.

 

Таа додаде дека при дизајнирањето на #МојаНаграда биле земени најдобрите практики од другите земји, од извештаи на Европската комисија. Покрај сузбивањето на сивата економија, според неа, преку наградната игра ќе се врши и финансиска едукација на граѓаните и подигање на даночниот морал преку едукативни пораки.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, пак истакна дека мерката МојДДВ, на која се надоврзува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда дава одлични резултати.

„На апликацијата заклучно 28 ноември има вкупно184.728 корисници, а скенирани се 39.584.924 фискални сметки. Остварен е промет од 19 милијарди и 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5% и 18% од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра. Просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42-44 години, а најмногу скенираат лица на возраст од 35 години. Во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош имаат најмногу лица кои скенираат фискални скметки, како и во Битола и во Штип”, информираше Лукаревска и апелираше до граѓаните кои немаат внесено траснакциска сметка за поврат на ДДВ да го направат тоа.

Инаку организатори на наградната игра #МојаНаграда се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија на Македонија. Предвидени се вкупно 3.852 награди и тоа 1.468 награди по 1.000 денари, 1.101 награда по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и 2 награди по 3 милиони денари.

 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе