Прво биле евакуирани лица од спратот каде што бил пожарот, потоа од долните спратови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица се вратени во собите од каде што биле евакуирани.
Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК: Пожар во Домот за стари лица во Банско, повредени нема
Синоќа, половина час пред полноќ, избил пожар на еден кат од Домот за стари лица во село Банско, Струмица. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Нема повредени лица. Пожарот целосно е изгаснат во еден часот по полноќ.
Објавено на
часот