Од 1 октомври недела неработен ден

Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на денешната седница.

Измените, како што појасни премиерот Зоран Заев на попладневната прес-конференција, се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите.

„Ова е ветување што Владата ги имаше како приоритет во програмата. Со ова се прави исчекор кон унапредување на работничките права и продолжување на поддршката за работниците“, истакна Заев, додавајќи дека посебна грижа е водена за оние работници кои ќе работат во недела.

Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната дневница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

Имплементацијата на законот ќе биде следена од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Работодавачите кои ќе работат во недела ќе мора тоа да го пријават во ДИТ како надлежен орган за примената на законот.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека новото законско решение значи воспоставување на рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот на работниците зашто законот предвидува недела да биде ден за одмор за сите работници, освен за оние кои работат во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат, но и за нив, како што рече, значи унапредување на работничките права.

„Работодавачите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекршочен платен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не смее да го намали бројот на работници“, појасни Шахпаска.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека недела како неработен ден е определена и во Законот за трговија за сите работници, освен за некои исклучоци каде ќе биде дозволена работа во недела и за празници.

„Во делот на трговијата во недела ќе може да работат специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи, апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари во туристичките места  утврдени со Законот за туристичка дејност. Ќе можат да работат и продавниците на бензинските станици, киосците и штандовите во трговските центри кои ќе работат само во една смена од 10 до 18 часот, штандовите и киосците каде се продаваат добра за време на спортски настани, фестивали, манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографските дела. Ќе работат и продавници во трговијата на мало за храна, пијалаци и тутун во кои трговијата ја врши лично само сопственикот на продавницата, како и зелените пазари“, истакна Бектеши.

Нагласи дека со предлогот е предвидено додатокот на плата за работа во недела и празници да изнесува најмалку 100 проценти за секој час на работа во недела и празници. За трговските субјекти кои ќе работат во недела и на празници е утврден надоместок во висина од 2 отсто од вкупниот приход остварен претходната година во недела и за празници. Тие средства ќе се инвестираат во детски градинки.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе