АЕК

Од 1 јули роамингот во Западниот Балкан ќе поевтини за 70 проценти

Граѓаните на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ ќе разговараат меѓусебно по пониски цени. Од први јули стапува на сила договорот со кој се предвидуваат за 70 проценти поевтини цени на роаминг услугите за шесте држави од Западен Балкан.

Во Охрид првите луѓе на регулагорните тела ги договараа механизмите за реализација на овој, како што го нарекоа, многу важен проект за целиот регион. Минатиот месец на самитот за дигитална технологија во Белград министрите на овие држави го потпишаа овој договор.

Сашо Димитриоски, раководителот на Агенцијата за електронски комуникации на Северна Македонија очекува дека од потегот освен граѓаните да има корист и бизнис секторот.

„Од први јули граѓаните на овие држави ќе имаат поевтини цени за роаминг услугите. На нас, како регулатори, ни останува само да ги синхронизираме механизмите за беспрекорно спроведување на тој договор.Треба да утврдиме фиксни цени кои ќе значат намалување од 70 до 80 проценти”, рече Сашо Димитриоски, раководител на Агенцијата за електронски комуникации на Македонија (АЕК).

Предвидувањата се целосно укинување на роамингот за околу две години.

Од АЕК велат дека сличен договор треба да има и со Грција, но не веруваат дека тоа ќе се случи до јули, поверојатно е тоа да се реализира до крајот на годинава.

„Ние сите законски предуслови ги имаме, а се надеваме дека тие и во Грција наскоро ќе бидат исполнети“, рече Димитриоски.

Од туристички агенции велат дека ова е многу важен момент и за туристичкиот сектор.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе