Од 1 април граѓаните од УЈП ќе добијат претпополнети годишни даночни пријави

Годишните даночни пријави за остварените приходи во текот на 2018 година Управата за јавни приходи ќе почне да им ги праќа на граѓаните за десетина дена, од 1 април. Пријавите ќе пристигнуваат на електронската пошта што граѓаните ја пријавиле при регистрацијата лани, а ќе бидат претпополнети, што значи дека ќе ги содржат податоците со кои располага УЈП, кои тие ќе треба да ги потврдат или да ги корегираат.

По испраќањето на пријавите што би требалло да трае до крајот на април преку својата веб страница http://ujp.gov.mk/otvoreni_povici УЈП ќе ги информира и ќе ги потсетува обврзниците дека треба да ги потврдат или корегираат податоците во годишната даночна пријава.

Корегираните или потврдените даночни пријави граѓаните треба да ги вратат назад во УЈП, исто така по електронска пошта до 31 мај.

Ова е нова практика на УЈП. До мината година граѓаните самите ги поднесуваа своите пријави на шалтерите на даночната управа, а пред истекот на рокот имаше најголема навалица, па подолго време чекаа во редици. Само мал дел ја користеа можноста годишната даночна пријава кои сами ја пополнуваа да ја испратат по електронски пат и да ги избегнат турканиците на шалтерите.

Пред крајот на минатата година УЈП за последен пат изврши регистрација на сите обврзници, со исклучок на пензионерите, чие евидентирање го одложи за седум години.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници.

„Доколку како граѓанин, во текот на 2018 година сте оствариле приходи по основ на плата, или приходи од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или сте оствариле хонорар по основ на авторски договор, понатаму сте учествувале во наградна игра и сте оствариле добивка над 5.000 денари или пак сте оствариле добивка од посебни игри на среќа (во казино, во обложувалница, во автомат клуб), имате обврска податоците за приходите искажани во пополнетата годишна даночна пријава да ги потврдите, доколку се точни или да ги коригирате, дополнувајќи ја – доколку имате остварено приход кој не е искажан односно опфатен во неа или доколку за некој од искажаните приходи увидите дека износот не е точен или вистинит“, појаснуваат од УЈП.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе