Објавен тендер за првите два километри од новиот автопат Скопје-Граничен премин Блаце

Јавното претпријатие за Државни патишта (ЈПДП) денеска го објави тендерот за првата делница од автопатот Скопје – Блаце во должина од два километри од Граничниот премин Блаце до почетокот на селото Блаце. Тендерот е отворен до 4 септември оваа година, информираше директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

„Идниот автопат ќе биде изграден според европски стандарди со две ленти за возење и една за принудно застанување во еден правец, ширината на лентите за возење се по 3,5 метри, односно целосната широчина во еден правец изнесува 10,25 метри, средниот појас е широк четири метри, а брзината за движење ќе биде 100 километри на час“, рече Китанов по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој појасни дека е планирано да се изградат целосни пропусти, плочасти пропусти, дренажи и сообраќајна сигнализација. На делницата е предвиденa и изградба на клучка со село Блаце, како и изградба на два кружни тека. Тој нагласи дека рокот за изградба е 18 месеци, а средствата се обезбедени од ЈПДП.

Вицепремиерот Османи информираше дека за проектот за изградба на автопатот Скопје-ГП Блаце аплицирале до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан од кој се добиени еден милион евра со кои заедно со постојните средства ангажирале американска компанија да направи проект за првата делница и за почеток на изградбата со буџетски средства.

„Аплициравме до истата инвестициска рамка за Западен Балкан од каде обезбедивме околу 28 милиони евра и до ЕБРД за кредитна линија да се заокружи целата финансиска конструкција. Истовремено во делот во ничија зона кој не е покриен со финансиски средства, Владата одлучи околу осум милиони евра, средства од ИПА, да се алоцираат за изградба и на тој дел“, изјави Османи.

 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе