По опомените испратени од УЈП

Објавен список на фирми кои добиле владина помош, а не исплатиле плати

Владата денеска објави ажуриран список на фирми чии работодавачи за месец ноември не им исплатиле плата на работниците иако добиле државна помош за да исплат плата. Списокот е ажуриран откако некои од фирмите по предупредувањето од УЈП дека ќе им бидат блокирани сметките и дека е можно да следуваат и кривични пријави, ја исплатиле платата. На списокот се фирми од различни дејности, од адвокатски канцеларии до печатници.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од ковид-19.

За ноември минатата година беа поднесени 13.851 барања и на 13.178 работодавачи им биле исплатени 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени.

За 245 работиодавачи беа изготвени опомени за неисплатена плата, во кои беше наведено дека имаат рок од една недела на сметките на вработените да уплатат плати со придонеси, со предупредување дека по тој рок ќе биде извршена присилна наплата и пренос на парите на сметките на работниците, но и дека сметките на фирмите ќе бидат блокирани.

На списокот што е објавен меѓу фирмите кои добиле најмногу пари како финансиска помош од Владата се „Печатница Напредок ДООЕЛ" од Тетово со 831 илјади денари примена владина помош; потоа „Бал-комерц Благоја и Луиза ДОО Скопје", на која ѝ биле дадени 758 илјади денари; „Супер шуз-MБ ДОО" од Студеничани" со добиени близу 633 илјади денари; потоа „Амарета ДООЕЛ" од Штип - 430 илјади денари; „Тритерол увоз-извоз" од Струмица која фирма инкасирала близу 367 илјади денари; „ИЗИ Холдинг ДООЕЛ" од Струга - близу 272 илјади денари; „Напредок 1 -ДОО" од Тетово на која фирма и биле дадени 271 илјади денари; ресторан „Гарден ДОЕЛ" од скопско Глумово на кој му биле дадени 191 илјада денари финансиска помош од Владата за исплата на плати на вработените и многу други кои може да се најдат на овој ажуриран список.

Meѓу фирмите кои се наоѓаат на списокот има и такви кои добиле помош за плата за еден или за двајца вработени.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

Инаку, по претходно добиени опомени, 351 работодавач им ги исплатил парите на вработените.

Злоупотреби на државната помош за исплата на плати имаше и во месеците од вториот квартал, по што кај компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени.

Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе