Објавен првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани

Објавен е првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани од еден, два, пет и десет мегавати поделени на 11 парцели државно земјиште на две локации во Свети Николе и Македонски Брод.

Постапката за аплицирање денеска пред заинтересираните инвеститори во Стопанската комора ја појасни вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тендерот е отворен до средината на август, а отворањето на понудите ќе биде јавно на 21 август. Инвеститорите кои сакаат да учествуваат мора да обезбедат банкарска гаранција од 1.200 денари по киловат инсталирана моќност, односно околу 20 илјади евра за фотоволтаична електрана од еден мегават. Земјиштето се доделува на 50 години. Комуналната такса е договорено со општините да не биде повисока од 0,5 евра за метар квадратен, а договорената цена за приклучок со ЕВН е меѓу 22 и 33 илјади евра. По добивање на тендерот инвеститорот треба да потпише банкарска гаранција од 4.650 денари по еден киловат инсталирана моќност, однонсо околу 75 илјади евра за еден мегават дека ќе ја изгради електраната во предвидениот рок.

Анѓушев нагласи дека со тоа државата обезбедила сите инвеститори да имаат предвидливи услови за финансирање и да чувствуваат правна сигурност.

„Процедурата е многу јасна и нема комплицирани услови за учество. Единствен услов за добивање на локацијата ќе биде минималниот премиум, односно кој ќе побара најмала поддршка од државата“, изјави Анѓушев.

Појасни дека максималниот баран премиум од државата изнесува 15 евра по мегават час произведена електрична енергија, додека минималниот што може еден инвеститор да го понуди е 0,01 евро. Доколку двајца понудат 0,01 евро ќе има позитивна аукција за еднократен надомест.

„Државата ќе ги заврши сите административни постапки во име на инвеститорот со цел да не губат време во административни работи. Државата ќе урбанизира земјиштето, ќе го пренамени во градежно земјиште и откако ќе го добијат тендерот тие ќе треба само да направат основен проект, еколошки елаборат и да набават опрема“, изјави Анѓушев.

 

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе