По предлогот на Комисијата за заразни болести

НУК: Ќе станеме земја со илјадници денски свадби, ако „олеснетите“ мерки не се сменат

Во врска со предложените мерки од Комисијата за заразни болести од Независната угостителска комора велат дека властите не треба утре да се зачудат ако во сите угостителски објекти почат да се организираат пладневни и вечерни свадби со цел да се овозможи присуство на музичари. Ќе се претвориме во држава со по илјада свадби на ден, особено преку викендите, порачува оваа Комора.

Мерките за олеснување на рестрикциите од една страна ќе го намалат притисокот врз угостителите и конечно ќе се овозможи организација на прослави, веселби и свадби согласно протоколи, но новите мерки ќе предизвикаат хаос во работењето во новото секојдневие, реагираат од Независната угостителска комора.

Од Комората велат дека властите не треба утре да се зачудат ако во сите угостителски објекти почат да се организираат пладневни и вечерни свадби со цел да се овозможи присуство на музичари. Ќе се претвориме во држава со по илјада свадби на ден, особено преку викендите, порачува оваа Комора. Според овие угостители, Комисијата за заразни болести предложи правила, мерки и препораки за работењето на угостителските објекти без да се консултира за начинот и можноста на нивната реална примена во секојдневното работење.

„Безвредна е препораката да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица ако присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол. За какви веселби и прослави дискутираме односно какви протоколи Комисијата за заразни болести предлага ако присуството на т.н. музичари и понатаму е 'забрането' односно 'дозволено' само на свадби. Да не се чудиме ако од утре во секој угостителски објект гледаме младоженци односно сите угостителски објекти преку ноќ организираат свадби со присуство на музичари', велат од угостителската комора.

На Владата угостителите и препорачуваат при усвојувањето на предлозите од Комисијата да направи разграничување на истите и за сите угостителски објекти да го врати членот 13 со кој ќе со дозволи организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи) во сите угостителски објекти согласно протоколите за работа, а постојната препорака за јачина на музиката точка 14 со која се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели ќе ја укине во целост.

Комората бара да се одобри работење на внатрешните делови на сите угостителски објекти со оглед дека голем дел од постојните објекти немаат соодветни тераси како би можеле угостителите сопственици на овие објекти како и останатите колеги - угостители да ја обавуваат својата дејност согласно важечките протоколи.

На крајот од соопштението Независната угостителска комора бара за членовите на семејствата да се дозволи седење на иста маса и кога семејството е побројно од четири или шест лица, бидејќи тие живеат под ист покрив и секако дека водат внимание за здравјето.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе