Во прилогот на ТВ Клан, Ајети вели дека има луѓе од селото кои купуваат литро - две од него. Но генерално, како што нагласува, луѓето се навикнале да си купуваат готово млеко во тетрапак, кое не треба да се вари, туку веднаш се пие.
Млекото земено од млекопроизводител е свежо, убаво, но секако мора да се вари, нагласува тој.
Работата на млекопроизводител не е лесна, а не е ниту евтино да се одгледуваат крави, вели Ајети и додава дека неговиот труд воопшто не се цени, затоа што со тие 20 денари што му ги нудат млекарите, не може да се покријат трошоците и вложениот труд. Затоа, кој сака од селото купува од него, а тој не го дава на млекарите кои прават екстра профит.
Инаку, телевизијата забележува дека поради гласини дека ќе има недостиг на млеко, рафтовите на кои стои млекото во тетрапак во многу супермаркети се празнат. Иако е скапо. Иако Србија не забрани извоз на млеко за Македонија (и за Албанија).