Новоматик и Апекс предупредуваат на крајно штетните последици од непромислени измени на Законот за игри на среќа

Гигантите во индустријата игри на среќа кои имаат свои претставништва во земјава, како групацијата Новоматик Македонија (казино „Фламинго“ хотел Гевгелија и Скопје, Адмирал, Астра казино) и Апекс Македонија, ги критикуваат предложените интервенции во Законот за игри на среќа, кои Министерството за финансии ги постави на ЕНЕР. Нивни претставници велат дека нема да бидат лесен плен на приземниот популизам и дневната политика.

Горан Стоименов, претставник на групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија.

Со индигнација ги отфрламе обвинувањата дека автомат клубовите се објекти каде царува криминалот, како што некој сака упорно да ги претстави, велат претставниците на овие големи и европски и светски компании. Претсавниците на Новоматик и Апекс Сметаат дека е непримерно, приземно и недостоинствено, да се обвинуваат дека се најголемо општествено зло и опасност за младината, особено што и самите менаџери, вработени се и родители, најчесто на малолетни деца, и затоа воопшто не им е пријатно кога слушаат такви тешки и неосновани обвинувања.

„Живееме во општество во кое сеуште владеат разни стереотипи. Додека во западниот свет, игрите на среќа се третираат како сосем вообичаен бизнис, овде на сила се прави проблем, таму каде реално не постои. Игри на среќа, постоеле и ќе постојат. Прашањето е дали државата ќе ги контролира или ќе дозволи овој сектор да се префрли на црниот пазар. Според последното истражување, спроведено пред пандемијата на ковид-19, во нашите објекти влегуваат најмногу 3% од полнолетната популација, кои се традиционални играчи. Некој од нив игра од забава, некој игра за да заработи плус, некој за да си ја задоволи играчката страст. Во автомат клубовите и казината многу ретко некој влегува од љубопитство. Се работи за луѓе кои претходно веќе играле, најчесто на запад и тука си ја пробуваат среќата. Дека затворањето на регуларниот економски пазар на игри на среќа ќе предизвика отворање на диви, нелегални играчници, постојат факти. Земјава веќе еднаш, во 2011, ја тресеше аферата „Детонатор“ во која полицијата тогаш во неколку градови на истокот заплени околу 1.000 покер апарати кои беа доказ дека се одвивале игри на среќа на црно, во кој големи профити завршувале во џебовите на тогашни локални моќници. Затоа клучното прашање е ако во цела ЕУ и западна цивилизација има организирани, легални игри на среќа, зошто Северна Македонија, која тежнее да стане членка на европското семејство, би била исклучок“, прашува Горан Стоименов, претставник на групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија.

Според него, утврдување на дистанца од 500 метри од основните и средните училишта не е решение за заштита на малолетниците. Бидејќи, истите пешачејќи или возејќи се во автомобил или автобус до училиштето каде посетуваат настава, повторно ќе мора да поминуваат покрај објектите каде се организираат игри на среќа. Аргументот дека називите на фирмите и излозите на спортските обложувалници и автомат клубовите ги привлекуваат малолетниците и наводно така преку очите им се создава навика за играње, и токму заради тоа треба да се дислоцираат, се неодржливи и немаат допирна точка со реалноста.

Стоименов објаснува дека предлогот за дислокација на објектите каде се организираат игри на среќа е многу тешко изводлив на терен. Бидејќи согласно постоечката инфраструктурна поставеност, одредено дистанцирање од едно училиште, ќе го приближи објектот до друго училиште. Така гледајќи, овој концепт е целосно промашен. Утврдувањето на каква било дистанца, „де факто“ значи целосно затворање на оваа индустрија и оставање на улица речиси 10.000 вработени. Државата ќе ризикува да изгуби околу 280 милиони евра буџетски приходи на годишна основа.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија, потенцира дека е погрешен впечатокот дека тие генерално се против измени на Законот за организирање игри на среќа, туку се против нелогични, погрешни и политички мотивирани измени. Тие сметаат дека постоечката регулатива во Северна Македонија е најстрога на Балканот, бидејќи актуелниот Закон ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Без разлика дали станува збор за финансиска или безбедносна контрола. Секој апарат во автомат клубовите е 365 дена поврзан со УЈП, со што 24 часа се евидентираат сите уплати и исплати, во реално време. Од безбедносен аспект, во нивните објекти не само што не смее, туку нивното обезбедување по службена должност спречува влез на малолетни лица. Напоменуваат дека досега не постои записник на инспекциските служби каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите кои се во нивна надлежност, што според нив е исклучителна потврда дека се врвни професионалци во оваа индустрија, општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100% и неселективно ги спроведуваат позитивните законски прописи.

Апелираат до пратениците да не ги заведува еуфоријата од локалните избори кои ќе се одржат во октомври. Евентуалното гласање за дислокација на обложувалниците и автомат клубовите значи клуч за овој сектор и оставање на улица на речиси 10.000 луѓе. Ако државата среде ваква криза и штетни економски последици од светската пандемија со ковид-19 сака да се откаже од 280 милиони евра годишен приход во Буџетот, тогаш ќе треба да образложат зошто затвораат 100% законски бизнис и создаваат услови за игри на среќа на црно, од кои поединци ќе ги си полнат џебовите, без да плаќаат ниту денар на државата, велат од Новоматик и Апекс.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе