Ново поскапување на нафтата за 0,26%

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,26%. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, а цените на Еуродизел (Д-Е V)  и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг и сега ќе изнесува 34,443 ден/кг.

Од утре по полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Еуросупер БС – 95 -             67 денари/литар, Еуросупер БС -98 – 69 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) 59 денари/литар, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 58,50  денари/литар, Мазут М-1 НС 34,443 денари/килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,243%, дизелот за 2,111%, екстра лесното масло зголемувањето е за 1,287%  и кај мазутот за 0,048%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,524%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе