75 години Аутомакедонија

Ново лице на Аутомакедонија

По 75 години постоење на пазарот, под мотото „Годините не се само бројка“, групацијата денес се збогува со постоечкиот и го претставува целосно новиот корпоративен идентитет на „Аутомакедонија“, како и на компаниите кои се дел од оваа групација.

Јубилејното лого и мотото на „Аутомакедонија“ – „Годините не се само бројка“, ги отсликуваат долгогодишната традиција, докажаниот квалитет, како и постојаниот развој по кој сe препознатливи и успешно работат во Македонија веќе 75 години!

Ставајќи акцент на искуството стекнато во своето повеќедецениско постоење, новиот модернизиран корпоративен идентитет беспрекорно одговара на еволуцијата на брендот низ годините, а едноставниот современ дизајн надополнет со колоритни бои, ја претставува „Аутомакедонија“ токму онаква како што е денес.

„Долгогодишната традиција, докажаниот квалитет и постојаниот развој е нешто по што веќе сме препознатливи. Јубилејот за нас како компанија беше повод за нешто ново и сметаме дека беше повеќе од потребно да направиме позитивна промена и чекор напред. Новиот корпоративен идентитет е уште една нова страница од приказната што трае 75 години и уште похрабро ќе чекориме напред, кон новите предизвици“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на групација Аутомакедонија.

Маркетинг тимот на Аутомакедонија имаше вистински предизвик пред себе во изминатиот период, односно имаше задача да ја претстави еволуцијата на „Аутомакедонија“, од една компанија која ја негува традицијатата, во компанија која обезбедува целосна мобилност, која е динамична, модерна и иновативна.

„Од денес групацијата 'Аутомакедонија' е со нов модерен изглед со кој храбро ќе движиме напред и ќе продолжиме да испишуваме нови страници успех. Отсега сме со целосно нов изглед и со мисија да обезбедиме извонредни услуги за мобилитет на клиентите, бизнисот и заедницата“, изјави Билјана Јанчевска, маркетинг-менаџер на групација „Аутомакедонија“.

„Аутомакедонија“ бележи најдолго постоење во областа на автоиндустријата во Македонија. Oснована e во далечната 1947 година, со основна дејност – трговија со производи од автоиндустрија. Како компанија која ги следи промените и постојано ги надградува услугите што ги нуди на пазарот, денес во склоп на групацијата се вбројуваат АМ Церт- компанија специјализирана за технички преглед, хомологација, атест, инспекција и едукација, АМ Брокер - осигурителен брокер кој посредува при сите типови на осигурување, СИЦ Битола-сообраќаен испитен центар за добивање возачки дозволи и Ауто 1 Рент - компанија специјализирана за рентакар услуги и оперативен лизинг.

Комерцијален текст

 

 

 

 

 

„Аутомакедонија како основоположник на автоиндустријата во Македонија , во својата долга историја била застапник, дилер и сервисер на неколку светски брендови вкучувајќи ги СААБ, Сканиа, Ивеко, Застава, Тојота, Мерцедес, Хјундаи, Фиат, Шкода, Волга и Рено.

Денес „Аутомакедонија“ може да се пофали со долгогодишна, успешна соработка со уште неколку големи имиња од автомобилската индустрија како што се Opel и Ssangyong во делот патничките автомобили и лесни комерцијални возила, а во делот на комерцијалните пикап-возила, камиони и автобуси со брендовите Isuzu и Piaggio Commercial за кои е официјален застапник.

Во своите 75 години постоење, благодарение на многубројните предизвици, активните залагања и посветената работа на десетици генерации вработени, „Аутомакедонија“ стекна завидно искуство и успеа да постигне напредок со кој компанијата прераснa во групација која освен трговија, опфаќа и широк спектар на услуги од автоиндустријата. Успешната приказна на „Аутомакедонија“ продолжува да се пишува, во ново руво, подготвена за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извондредна услуга во областа на мобилитетот. Годините не се само бројка – „75 години Аутомакедонија“.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе