Ново Битолско екстра кравјо кисело млеко

Најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија – Бимилк го збогатува своето портфолио на кисело-млечни производи со уште еден освежителен вкус за сите љубители на изразито киселкав вкус на киселото млеко.

Новиот производ – Битолско екстра кравјо кисело млеко, доаѓа како резултат на повеќемесечни опсежни истражувања на пазарот и мислењето на потрошувачите.

Резултатите покажаа дека потрошувачите на Бимилк, особено оние од Источна Македонија, го преферираат покиселкавиот и поосвежителен вкус на киселото млеко, па оттука потекна и идејата за лансирање на овој нов производ, велат од Бимилк.

„Воведувањето Битолско екстра кисело млеко е дел од нашата стратегија за проширување на производното портфолио на производи што ги задоволуваат специфичните потреби и очекувања на сите наши потрошувачи. Нашиот оддел за истражување и развој во изминатиот период навистина посветено и неуморно работеше во креирањето на совршениот производ, кој е комбинација на извонредно фина и кремаста структура и киселкав вкус, и за кој се надеваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Произведено од најквалитетното домашно млеко по најсовремените стандарди за производство, новиот член на портфолиото „Битолско“ ги содржи сите нутритивни вредности како и првото, препознатливо Битолско кисело млеко, но она што го разликува е неговиот специфичен киселкав вкус.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе