Од Скопје до Штип ќе се плаќа вкупно 160 денари патарина

Новите патарини на автопатот Миладиновци – Штип ќе чинат 50 и 70 денари

Од мај треба да проработат двете патарини на автопатот „Гоце Делчев” од Миладиновци до Штип кои се градат кај Преод и Кадрифаково и ќе чинат 50 и 70 денари, информираше денеска директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми.

Тој појасни дека овие цени, како и кај останатите патарини низ земјата се утврдуваат согласно Законските регулативи, но и дека во моментот не се размислува за воведување на вињети кои долги години се користат во одредени земји во ЕУ.

„Цената на патарините се утврдува според Законот по километар од 2,57 денари така што во Преод ќе чини 50 денари, а Кадрифаково ќе биде 70 денари. Имаме електронско плаќање, тоа е подобра метода и се поддржува од ЕУ. Веќе и во ЕУ, многу држави имаат иницијатива да се тргнат вињетите и да се преминува кон електронско плаќање“, вели Рустеми.

На забелешката дека голем дел од граѓаните години наназад се жалат дека цените кои се плаќаат за користење на македонските автопати се многу високи и не соодветствуваат со реалните услови во кои тие се наоѓаат, Рустеми вели дека актуелните цени ќе бидат разгледани, но и дека сѐ уште не може со сигурност да се каже дали ќе има корекција на истите.

„Ќе ги разгледаме сите можности во текот на оваа година, на кој начин и какви ќе бидат цените на патарините во Македонија. Не можам предвреме да ви кажам ние вршиме анализа, се врши целокупната анализа бидејќи сите приходи што доаѓаат од патарините ние ги вложуваме на изградба на нови, но и во рехабилитација на сите постоечки патишта во државата, додаде тој.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пак, денеска информираше дека тимови на Македонија пат денеска и утре ќе извршат увид на двете свлечишта на автопатот кои веќе два месеца стојат нерасчистени и зафаќаат дел од коловозната лента, по што ќе следува нивна санација.

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе