Нови методи на работа: Што сè можете да направите за својот бизнис без да го напуштите својот дом

Поради состојбата со корона вирусот сега е важно да се остане дома и повеќето активности да бидат завршени преку дигиталните канали. Според информациите од телекомуникациските оператори, интернет сообраќајот е дури двојно зголемен, но уверуваат дека мрежите се исклучително стабилни.

Компаниите како што е А1 Македонија за многу кратко време одлично се прилагодија бидејќи подолго време и се дигитално ориентирани. Свесни за фактот дека бизнис заедницата бара можност лесно и брзо да го менаџира својот бизнис, каде и да се наоѓаат со помош на алатки кои им го олеснуваат работењето, од А1 уште еднаш потсетуваат на платформата Microsoft Office 365, продукт на Microsoft, алатка со која корисниците добиваат одлично решение за водење на бизнисот од дома.

Оваа платформа им овозможува на корисниците највисоко ниво на безбедност на податоците, реализација на тимските работни задачи како и пристап до корпоративните апликации, податоци и ресурси од кое било место и од кој било уред. Вклучува Office апликации (програми) и други корисни алатки што најчесто се користат во канцелариско опкружување, а може да се инсталираат на до 5 PC-компјутери, 5 таблети и 5 смартфони.

Платформата Microsoft Office 365 деловните корисници може да ја добијат бесплатно во наредните три месеци со тарифниот модел А1 Business од портфолиото на А1 Македонија, соопшти компанијата.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе