Нови цени на горивата, дизелот поскап за половина денар

Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, а за толку поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од  ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари, а Еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 69 денари. Литар еуродизел (ДЕ V) ќе чини 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01) по 51,5 денари. Цената на мазуотот М-1 HC се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,21 процент. Одлуката на Регулаторната комисија ое донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе