Нови цени на горивата, бензините поскапи за 2,5 и 3 денари, дизелот за половина денар

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени од половина до три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за 2,5 денари и ќе чини 68,50 денари, додека бензинот Еуросупер БС-98 ќе има цена повисока за три денари и ќе се продава по 70,50 денари за еден литар. Дизелот поскапува за половина денар и неговата нова цена ќе биде 61 денар за литар. За половина денар поскапува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава по 49,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,677 за ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.03.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,375 ден/кг.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе