Новата генерација на револуционерните Самсунг телефони на преклоп официјално претставена во Македонија

 

По глобалната премиера на традиционалниот настан Анпакд, кој се одржа минатата недела, вчера во Скопје беше свечено претставена новата серија на телефони на преклопување, серијата Самсунг галакси З. Посетителите имаа можност да ги пробаат спектакуларните уреди Галакси З Фолд4 и З Флип4, како и паметните часовници од најновата серија Галакси воч5 и безжични слушалки Галакси бадс2 про.

„Иновативна технологија, вештачка интелигенција, паметни решенија, функционален и модерен дизајн - сето тоа ја карактеризира новата генерација Самсунг паметни телефони. Галакси З Фолд4 и Флип4 ги поместуваат границите на возможното на паметните телефони со приспособливиот хардверски дизајн, карактеристики прилагодени на личните преференции на корисникот и подобрени перформанси. Двата модели се внимателно изработени за да обезбедат феноменално приспособливо искуство, така што секој корисник има уред кој одговара на сите негови потреби,“ изјави Славчо Трчков, менаџер за продажба во тимот на Самсунг Македонија.

Низ интерактивна дружба и споделување на искуства, претставниците на медиумите имаа прилика да ги испробаат најновите уреди кои обезбедуваат неограничена продуктивност и неверојатно прилагодување на потребите на новата генерација корисници кои во постојана трка со времето, не се задоволуваат со конвенционалните паметни телефони.

Галакси З Фолд4 и Флип4: Телефони кои ги поместуваат границите на вообичаеното

Благодарение на подобрената технологија на камерата, моќниот мобилен процесор, импресивните дисплеи и неверојатно големиот Dynamic AMOLED екран од 7,6 инчи, Галакси З Фолд4 обезбедува широк простор потребен за успешно извршување на повеќе задачи.

Со потенка шарка, исправени рабови, контрастно матирано стакло на задната страна и сјајни метални рамки, Галакси З Флип4 го претставува досега најпрефинетиот дизајн на Самсунг, кој исто така може да се пофали со подобрена камера, поголема батерија и познат компактен дизајн.

Клучен елемент на преклопливите уреди на Самсунг е ултра тенкото стакло, заштитен материјал кој може да се преклопи стотици илјади пати додека ја задржува својата издржливост и сила.

Комплетен екосистем на паметни уреди Самсунг

На серијата Галакси З се придружуваат Галакси Buds2 Pro, новите премиум слушалки на Самсунг кои обезбедуваат најизвонредно безжично аудио искуство со нов, компактен дизајн и беспрекорно поврзување, а за целосно да го заокружи својот екосистем, компанијата го претстави и Галакси Watch5 - најиздржливиот и најкомплетниот паметен часовник Самсунг досега. сега, кој е дизајниран да обезбеди сеопфатни и персонализирани велнес искуства

Нарачајте пред сите!

Искористете го попустот во промотивниот период кој трае до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Галакси З Фолд4 и 9.000 денари за Галакси З Флип4 . Со оваа промоција добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата).

Доколку во периодот до 25.8. купите Галакси воч5 или Галакси воч5 про, добивате Галакси Buds Live како подарок во вредност од 10 .999 денари. Додека со купување на Галакси бадс2 про во промотивниот период до 25.08.2022 ќе добиете на поклон безжичен полнач EP-P2400BBEGEU во вредност од 2.499 денари.

За повеќе информации посетете ја официјалната страница на Самсунг:

Галакси З Фолд 4

Галакси воч5 

Галакси бадс2 про 

За Самсунг Електроникс ко

Самсунг го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Самсунг на http://news.Samsung.com


Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе