Инженерите и техничарите во Брако навремено и прецизно ги завршија нарачките за вкупно 11 возила во Велика Британија, три возила во соседна Грција и по едно возило во Холандија, Германија и Франција.
Интересот за електрични возила продолжува да биде на високо ниво, но во испораката има и возило на погон на водород, како и најновиот модел на возила на класичен погон, со унапредени филтри за намалени издувни гасови.
Брако продолжува да создава производи кои се пријателски кон природата, исполнувајќи ги критериумите на системот за управување со квалитет и животна средина.