Нова Рамка за помош на НЛБ групацијата: 100.000 евра за одржливи идеи од регионот

По двата исклучително успешни циклуси за време на пандемијата, проектот на НЛБ групацијата Рамка за помош почнува по третпат. Овојпат, со фонд од 100.000 евра, групацијата ќе ја поддржи реализацијата на три најдобри идеи за одржлив бизнис од регионот.

Во последните неколку години, НЛБ групацијата посвети големо внимание на одржливото работење во регионот на Југоисточна Европа, на кој гледа како на свој дом и во кој е присутна со своите банки-членки. Токму затоа, годинешниот проект Рамка за помош се фокусира на поддршка на идеи кои ќе донесат напредок, можност за одржлив развој и подобар живот.

„Нашето внимание се фокусира на иднината на овој регион и на можностите што тој ги нуди и кои ние во НЛБ Групацијата можеме да ги поддржиме преку нашите одлуки и услуги - односно преку нашето делување. Оттука, фокусирањето на одржливоста преку проектот Рамка за помош е нешто што за нас е сосема природно“, вели Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ групацијата.

„Одржливоста, во најширока смисла на зборот, не само од еколошки аспект, туку и од социјален, како и од аспект на управување, е во срцето на нашата работа. Ние сме исклучително горди на овој регион на можности, каков што е регионот на Југоисточна Европа и знаеме дека тој навистина има многу да понуди – од квалитет на живот, до знаење и иновативни идеи. За да продолжи да биде така, со проектот Рамка за помош, овојпат ќе бараме одржливи решенија за подобро утре. За нас овој регион не е само точка на мапата. Тука е нашиот дом, местото каде што ја градиме нашата иднина“, потенцира Бродњак.

Право на учество во проектот Рамка за помош имаат претприемачи, микро и мали бизниси, како и ентузијасти и смели „сонувачи“ на кои НЛБ групацијата сака да им помогне да ги остварат нивните идеи за подобра иднина.

Сè што треба да направат заинтересираните е, најдоцна до 22 октомври да пополнат едноставен онлајн формулар на веб-страницата на НЛБ банка и во неколку реченици да ја претстават нивната одржлива идеја за производ, услуга или план за унапредување на одржлив развој на нивниот бизнис, кои ќе имаат позитивно и мерливо влијание врз подобрување на квалитетот на животот.

По затворањето на конкурсот, локална комисија ќе ги избере 10-те најдобри, одржливи идеи од Северна Македонија кои НЛБ банка ќе ги награди со посебни поволности – паричен износ од 60.000 мкд и бесплатна Виса бизнис картичка, а воедно финалистите ќе добијат и медиумска поддршка и презентација на дигиталните канали на НЛБ банка и медиумскиот партнер Блумберг.

Од сите финалисти во регионот, во следниот круг, жири комисија составена од меѓународни експерти ќе ги избере тројцата регионални победници кои ќе ги понудат најдобрите решенија за предизвиците на одржливиот развој, циркуларната економија и иднината. За нивна поддршка НЛБ групацијата обезбеди вкупно 100.000 евра, од кои најдобриот проект ќе биде награден со 50.000 евра, второпласираниот проект со 30.000 евра, а третопласираниот со 20.000 евра.

НЛБ групацијата ја постави одржливоста во срцето на своето работење, во сите свои одлуки и активности, знаејќи дека со таквото делување може да влијае на квалитетот на животот и одржливиот развој на сите пазари во регионот каде што работи. Вниманието на НЛБ групацијата е насочено кон иднината, кон создавање подобар живот за сегашните и идните генерации.

Во согласност со ваквата своја определба и стратегија за развој, НЛБ групацијата, преку проектот Рамка за помош, сака да им даде поддршка и на останатите уникатни и иновативни идеи кои се однесуваат на предизвиците на одржливоста. Токму затоа, со овој конкурс на проектот Рамка за помош се бараат проекти кои придонесуваат за постигнување на најмалку една од седумнаесетте цели за одржлив развој на Обединетите Нации и ги следат насоките на Рамката за одржливост на НЛБ групацијата.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе