Нова производна линија на „Макпрогрес“, нови 15 вработувања и 30 во следниот период

„Макпрогрес“ Виница разви нова линија за производство на барови со што компанијата ја надополнува палетата на производи.

Од компанијата информираат дека за потребите на новата линија се вработени 15 нови работници, а во следниот период планирани се уште 30.

„Новиот производ „Баланс“ житните барови се високо квалитетен производ произведен од внимателно селектирани суровини како интегрален овес, ориз и пченка, интегрални колачиња кои се произведуваат од интегрално брашно и интегрален овес, како и додатоци на крем, чоколадо и сушено овошје. Во моментот на пазарот лансираме три вкуса и тоа бел крем, чоколадо и сушено црвено овошје, а сѐ со цел да ги задоволиме потребите и барањата дури и на најпребирливите потрошувачи. Еден бар има само 89 калории, доволен за целосна ужинка. Баровите се нудат во две варијанти во поединечно пакување од 23 грама, како и комбо пакување од 5 барови по 23 грама“, велат од Макпрогрес.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе