УЈП

Нова можност на Е-ПДД за МојДДВ, граѓаните ќе можат да ја проверуваат исплатата

Управата за јавни приходи на електронската платформа  е-ПДД постави  нова функционалност за граѓаните  кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, информираат од УЈП.

Појаснуваат дека секој граѓанин со најава на својот профил на  е-ПДД , има можност  во новото  прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

„Преку оваа нова функционалност граѓанинот  може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно  кога е извршена исплатата,  дали трансакциската сметка  е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата“, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи, посочуваат, продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе