Нова инвестиција во ТИРЗ Скопје, 16 милиони евра од турски „Текнопанел“

Турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Инвестицијата беше презентирана на вчерашната средба на делегација на компанијата предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи, со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Според инвестицискиот план и финансиските проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во оваа фаза. Се очекува компанијата да оствари вкупен извоз од над 170 милиони евра во следните 10 години, само како обврска за придонеси за плати, во буџетот на државата да уплати над 5 милиони евра приходи додека обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра, информира владината прес-служба.

Компанијата произведува иновативни т.н „сендвич“ кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар, и особено се користат за покривни површини на индустриски згради. Како што се истакнува во соопштението, „Текнопанел“ со која ќе се потпише договор во наредните неколку недели, е првиот странски инвеститор со кој Владата ќе склучи договор со елементи од новиот концепт на работење на Дирекцијата за ТИРЗ.

„Во прв ред Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за отворање работни места со просечна нето-плата над 33.500 денари месечно и загарантиран раст на плати од 5 проценти годишно. Исто така, ова е прва компанија со која почнува да се применува новиот принцип на вреднување на земјиштето како дел од државната помош, односно за прв пат државата ја користи пазарната вредност на земјиштето како ресурс што се дава на користење на инвеститорот како мерка на државна помош“, стои во соопштението.

Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со пет фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и Америка

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе