Нова инвестиција на „Брако“, ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка

Повеќедневната практична обука на инженерско - техничкиот тим на „Брако“ му овозможи запознавање и стекнување на  потребните знаења и вештини за сите можности што ги нуди најсовремениот глодачки ЦНЦ центар од палетата на „Хартфорд“. Станува збор за една од најновите инвестиции во машинскиот парк на „Брако“ во Велес,  во вредност од половина  милион евра.

Со купувањето на оваа машина, спроведената обука на операторите и скорото пуштање во употреба, „Брако“ уште еднаш ја потврдува својата тенденција за модернизација и забрзано технолошко развивање на компанијата, како еден од начините да се зголеми продуктивноста и да се биде поконкурентен на регионалниот и европскиот пазар. Оваа ЦНЦ машина потполно ќе одговори и на најспецифичните барања од страна на клиентите.

„Машината е конструирана за изработка на повеќе различни операции и има можности за машинирање на големи метални конструкции со димензии до 6.000 мм и тежина до 18.000 килограми. Преку обуката и мерните проби се докажа точноста и можностите со кој располага овој машински центар за извршување на најразлични операции како глодање, бушење, режење навој, фино развртување и контрола на машинските позиции со специјален уред Reni Shaw. Машинскиот центар има точности во микрони и со тоа има можност да изработува делови со големи толеранции и точности“, вели машинскиот инженер Славчо Митревски, одговорен на одделот за машинска обработка во „Брако“.

„Ентузијазмот и високата мотивација на младите инженери во ’Брако’ направија обуката да заврши во рекордно време. Наскоро започнуваме со сериско производство на машинирани метални конструкции, со оглед на тоа што веќе имаме склучено договори со повеќе клиенти. ’Брако’ е компанија која и понатаму ќе продолжи да инвестира во современа машинска технологија“, вели Перо Колев, технички директор на Секторот за тешки метални конструкции.

Инсталацијата и обуката беа спроведени од стручни лица од турска и бугарска компанија, чие реноме е изградено со професионалната работа поврзана со продажба и монтажа на премиум ЦНЦ машини.

Велешки „Брако“ постои од 1947 година, а најголемата експанзија ја доживува последните 20 години. Во овој период, со континуирани инвестиции во најсовремена технологија „Брако“ создава квалитет во сите свои производствени програми кои се однесуваат на производство  на возила за одржување на хигиена во урбани средини, производство на опрема за хидроелектрани и други видови енергетски капацитети, производството на жичани производи и медицински помагала.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе