Нов претставник и салон на Хјундаи

Ми-да гранд моторс е новиот единствен овластен импортер на возила и резервни делови на Хјундаи (Hyundai Motor Company) за Македонија. Со денешното отворање на новиот продажно-сервисен Хјундаи центар, Ми-да гранд моторс прераснува во сериозен автомобилски центар на македонскиот пазар со богата понуда на возила во еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Салонот и сервис центарот на Хјундаи се сместени на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, до салонот на Форд, и тука може да се набават најновите модели од палетата на брендот Хјундаи. Освен нови возила, Ми-да нуди и единствен овластен сервис за сите возила во гаранција, но и за сите останати Хјундаи возила во Македонија.

Според генералниот директор на Ми-да гранд моторс, Дритон Заири, компанијата станува сериозен автомобилски центар каде може да се купат возила од брендовите Форд и Хјундаи, како и да се набават користени возила од сите брендови што се продаваат под балканскиот бренд Аутото.

„Навистина сме горди што во нашиот автомобилски центар отсега ќе можеме да ги нудиме возилата од брендот Хјундаи. Тоа зборува за сериозноста на Ми-да гранд моторс да биде прва на балканскиот пазар и за нашиот сериозен пристап кон работењето со светски брендови. Ова ја покажува и нашата сериозност да понудиме квалитетен сервис за нашите клиенти, да понудиме врвна услуга и да создадеме задоволни клиенти. Ги повикуваме граѓаните да создадат ново искуство во автомобилскиот свет“, рече Заири пред присутните гости на денешното отворање на новиот продажно-сервисен Хјундаи центар.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе