Нов натпревар на Хуавеј за фотографија, привлечни глобални награди

 Некст имиџ авардс (NextImageAwards) на Хуавеј (Huawei) е глобален натпревар за љубителите на мобилна фотографија и видеографија. Македонските фанови на Хуавеј се активни учесници на овој натпревар секоја година, па така и оваа, можат да учествуваат на глобалниот натпревар директно преку веб-страницата на кампањата.

Сите оние кои ќе се пријават, покрај престижното учество на глобалното натпреварување, имаат шанса да освојат и една од паричните или други награди.

Шестчлено глобално жири со двајца претставници на Huawei и четворица реномирани фотографи од САД, Русија, Шведска и Канада ќе изберат вкупно 71 добитник, вклучувајќи три Гран-При награди од 10.000 американски долари, Huawei P40 Pro и електронски сертификат. Целосниот список на награди и информации за жирито може да се најде на веб-страницата на конкурсот.

Крајниот рок за учество е до 31 јули, во следните 6 категории:

  • Near Far, категорија во која можете да ја искажете својата перспектива за скриените места околу вас;
  • Good Night, каде ќе го фатите моментот при слаба осветленост;
  • Hello, Life!, каде ќе споделите емоции и инспирација од секојдневниот живот;
  • Faces, во која ќе се изрази идентитетот преку моќта на портретската фотографија;
  • Live Moments – категоријата за видео-уметници кои можат да учествуваат со дела од 10 секунди до 10 минути.
  • Storyteller– приказна раскажана во 3-9 слики.

Сите снимки мора да бидат направени со паметен телефон Хуавеј, а секој учесник има право да испраќа најмногу 30 дела, следејќи ги упатствата на страницата: gallery.consumer.huawei.com.

За почетна инспирација, погледнете го промо видеото на конкурсот.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе