Нов начин на консумирање тутун

Од виткање листови од растението тутун, преку нивно џвакање, ставање во луле, до цигарите кои нам ни се познати, тутунот има долга историја на консумирање. Еволуцијата на навиката за пушење покажува колку низ историјата ова растение имало важност.

Според енциклопедијата „Тутун во историјата и културата“ на Џордан Гудман, историските докази укажуваат на Јужна Америка како место каде што за прв пат се одгледувал тутунот. Домородното население го користело растението во шамански ритуали уште пред 7.000 години. Кај Маите тутунот се користел во ритуални цели, а Ацтеките пушеле за да го зачуваат своето здравје, за уживање и, се разбира, од религиозни причини. Тие всушности ги проучувале и лековитите ефекти на растенијата и користеле тутун за медицински цели, односно за лекување на гихт. Ацтеките го покренаа и хедонизмот на ново ниво: тутунот почнал да се нуди на раскошни празници како еден вид аперитив. Она што ние го нарекуваме „луле на мирот“ се користело и во разни верски обреди, кога се давале завети, но и кога се склучувале официјални спогодби или мировни договори.

Тутунот, како и многу други растенија, во Европа го донел Кристофер Колумбо во 1492 година. Кога Колумбо пристигнал во Америка, домородците му понудиле подароци: монистри, овошје и суви лисја од тутун, за кои тој не знаел за што служат. Покасно, неговата употреба ја дознал на Куба каде тутунот, кој во овој регион пристигнал  преку Перу и Еквадор, веќе бил одомаќинето растение.

Од тогаш и започнува неверојатната експанзија на тутунот - тој беше префрлен во Европа и сите беа воодушевени од ова растение. Во 1560 година, Французинот Жан Никот го донел тутунот во Франција. Неговата употреба брзо се проширила и на Англија преку трговските патишта, каде се користел како лек. По Европа, во следните неколку децении, тутунот постепено стигнал во Африка и Азија и стана буквално глобален феномен.

Првите цигари какви што ги познаваме денес се појавија во 1832 година. Речиси 180 години подоцна, оваа индустрија, за која се веруваше дека никогаш нема да се смени, почна да доживува трансформација. Предводник на оваа трансформација е најголемиот производител на цигари во светот, компанијата Филип Морис интернешнал (ФМИ) кој на возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од пушење им понуди многу подобра и помалку штетна алтернатива – производи со несогорлив тутун. Во 2014 година на пазарот се појави IQOS - уред кој ја користи технологијата на несогорување на тутун. Иновативниот уред користи вистински загреан тутун и внимателно го имитира ритуалот на пушење. Производот првпат беше претставен во Јапонија и Италија, а денес веќе е присутен во над 50 земји.

Кај класичните цигари, тутунот целосно гори (температура од околу 800 ° C), но споменатата технологија вклучува само загревање на тутунот (температура од околу 350 ° C). На овој начин се создава тутунска пареа која содржи никотин, давајќи вистински вкус на тутун, а притоа има до 95% помалку штетни материи споредено со чадот од цигарите. Ова му овозможува на пушачот да го почувствува вкусот и да ужива во него, без вдишување на чад кој се јавува кај класичните цигари, за кој е научно докажано дека е штетен и дека е главен причинител на низа болести кои се врзуваат за пушењето. Со новиот производ, кој не испушта чад туку аеросол, веќе нема зачадени простории, ниту миризба која навлегува во облека, завеси или косата.

IQOS е иновативно решение во начинот на консумирање на тутун, развиено врз база на научни докази, и е потенцијално помалку штетна алтернатива на цигарите. Истовремено, тој е и најистакнат претставник на Концептот за намалување на штетите што може суштински да ја смени дебатата за намалување на штетите од тутун.

Досега повеќе од 12 милиони возрасни пушачи веќе се откажаа  од цигарите и преминаа на новиот производ.

Комерцијален текст

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе