Нов интегрален леб на Жито лукс со просо и црно семе и збогатен со железо

Компанијата Жито Лукс во семејството специјални лебови го додаде новиот интегрален леб, со просо и црно семе и просо кој е дополнително збогатен со железо. Една од главните причини поради која компанијата одлучи да го произведува овој леб е грижата за потрошувачите и можноста со своите производи коишто секојдневно се консумираат, да влијае на подобрувањето на здравјето на луѓето.

Добро е познато дека од сите минерали железото е најмалку застапено во нашата исхрана, а е одговорно за повеќе витални функции во организмот. Како составен дел од хемоглобинот во црвените крвни зрнца, железото го пренесува кислородот од белите дробови до сите ткива во организмот. Црното семе во својот состав содржи железо, но лебот е дополнително збогатен со овој минерал со цел да им овозможи на сите кои се сочуваат со недостаток на железо да уживаат во вкусен и здрав оброк. Новиот интегрален  леб со просо и црно семе содржи големо количество железо, односно 2 парчиња содржат 20% железо од препорачаниот референтен дневен внес.

Жито лукс е компанија – лидер во производството на леб и брашно во земјава. Со традиција постара од седум децении, континуирано ги следи светските трендови и иновации од областа на здравата храна. Со новиот интегрален леб со просо и црно семе   се прошири портфолиото на производи и изборот за оние кои се хранат здраво и внимаваат на состојките што ги внесуваат.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе