НЛБ по препораките на НБМ, нема да исплаќа дивиденди

НЛБ банка ја послуша препораката на Народната банка да не исплати дивиденда на своите акционери, од добивката што беше остварена минатата година. Од добивката за 2019 (30,08 милиони евра), НЛБ банка ќе внесе 27,19 милиони евра во нераспоредена добивка и 2,89 милиони евра како задржана заработувачка за инвестиции.

За ова одлука ќе се донесе на Собранието на акционери закажано за 16 април. Најголем акционер на НЛБ банка, кој располага со 87 отсто од капиталот, е НЛБ Љубљана.

„Врз основа на неочекуваната ситуација со пандемијата ковид-19 и врз основа на писмото од Народната Банка на Република Северна Македонија од 20 март годинава, во кое се очекува банките во земјава да се воздржат од исплата на дивиденда од реализирана добивка за 2019, со цел да го надградат капиталот и ликвидните резерви над минимално потребниот праг, предлагаме распределба на реализираната добивка за 2019 година - прво во нераспределена добивка во износ од 1.672.270.392 денари (27,19 милиони евра) и задржана заработувачка за инвестиции во износ од 177.647.606 денари (2,89 милиони евра)“, се вели во соопштението од НЛБ банка.  

Ова значи дека остварената добивка за 2019 ќе биде на тековно располагање на банката за ликвидациски цели, како и на располагање на Собранието на акционери за понатамошно одлучување во однос на начинот на постапување со нераспределената добивка, кога банката ќе има повеќе информации за развојот на економската и финансиската ситуација и нејзиното влијание врз капиталот на банката и позицијата на ликвидност.

Од банката објаснуваат дека „добивката која е распределена во задржана заработувачка за инвестиции се употребува за цели на развој и инвестиции во материјални и нематеријални средства за проширување на примарниот бизнис и не е достапна за плаќање на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за дистрибуција на акционери)“.

НЛБ уште еднаш ја потврдува стратегијата за фокус кон регионот и регионалната припадност на групацијата, нагласуваат од банката.

Препораката на Народна банка до сите банки е добивката остварена во измината година да ја стават во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал, и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив.  „Банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите, нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот ковид-19 врз домаќинствата и правните лица“, објаснија од централната банка.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе