НЛБ банка со промотивна кампања за Виса бизнис картички за правни лица

Денеска почна промотивната кампања на НЛБ банка за Виса бизнис картичките за правни лица која ќе трае до 20 декември. Во рамки на кампањата банката нуди промотивни поволности за сите нови и постоечки корисници на Виса бизнис картичките.

Сите нови клиенти кои ќе аплицираат за Виса бизнис картичките во промотивниот период ќе ја добијат картичката без членарина за првата година, додека сите нови и постоечки корисници кои ќе направат најмалку 15 или повеќе трансакции во промотивниот период ќе бидат ослободени од членарината за основната картичка за следната година. Дополнително за овие корисници следува и подарок - изненадување од банката.

НЛБ Виса бизнис картичките се наменети за правни лица за подмирување на секојдневните службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство,  подигнување готовина како и за сите оние правни лица кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби кои гласат на име на правното лице.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе