НЛБ банка со промотивна кампања за Mастеркард бизнис картички - „За бизнис и задоволство“

Од денеска, НЛБ банка започнува промотивна кампања наменета за сите правни лица, постоечки и нови корисници на кредитни и дебитни Мастеркард бизнис картички.

Имено, во текот на месец јуни, правните лица - иматели на сметки во НЛБ банка кои се веќе корисници, но и оние кои ќе аплицираат за Мастеркард бизнис картички, добиваат единствена можност да ги искористат промотивните придобивки на кампањата.

Поконретно, постоечките корисници на Мастеркард бизнис (Mastercard Business) картичките, кои во периодот од 1 до 30 јуни, ќе направат најмалку 15 трансакции и ќе остварат промет од најмалку 100.000 денари ќе добијат бесплатна членарина за картичката за следната година на користење и специјален подарок.

Воедно, бесплатна членарина за првата година на користење добиваат и сите оние правни лица кои во наведениот период ќе аплицираат за Mastercard Business кредитни и/или дебитни картички.

Mastercard Business картичкитесе наменети за фирми, претпријатија и институции кои имаат потреба од сигурен и едноставен начин на плаќање за службени потреби. Можат да се користат за подмирување на секојдневни службени трошоци, деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина.

Повеќе детали за Mastercard Business картичкитеи промотивните понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат во сите експозитури на банката, како и на веб страницата или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.

Комерцијален текст

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе