вторник, 16 април 2024

Златен даб – еволуција на изглед и вкус

Годинава, Прилепска пиварница одбележува еден век постоење, а тоа значи сто години подобрување и модернизирање на нашите производи. Во срцето на нашата посветеност лежи желбата да им обезбедиме на нашите лојални клиенти квалитетни и иновативни понуди во индустријата за пиво. Како резултат на непоколебливата посветеност, со голема радост и возбуда ви го претставуваме Златен даб, со нов изглед и подобрен вкус.

Објавено на

часот

Сподели

Пивото Златен даб е производ на искуството на врвните пиварски мајстори, кои успеале да создадат автентичен вкус, произведен по најсовремена технологија, во строго контролирани услови. Новата атрактивна амбалажа има дизајн што одговора на светските трендови и го прави Златен даб модерно пиво, направено по германски традиционален рецепт.

Тимот на Прилепска пиварница работеше неуморно на усовршување и подобрување на рецептот за подготовка на Златен даб, консултирајќи домашни и странски експерти, со цел да ги помести границите на традиционалното пиво и да обезбеди навистина исклучително искуство за вистинските пивски уживатели.

„Драго ми е што соработката со Прилепска пиварница трае во континуитет со години. Заеднички развивавме нови производи, ги унапредувавме постојните и придонесовме за издигнување на пивската култура во земјата. Ми претставува големо задоволство и ме радува поканата, како пивски експерт, да дадам свои совети и препораки околу рецептурата и строгата контрола на квалитетот“, изјави проф. д-р Михаел Цепф од Германија, чијшто потпис за квалитет стои на новата етикета на Златен даб.

Пивскиот експерт својата оцена за квалитетот и рангирањето на Златен даб, ја формираше врз основа на основните фактори во дефинирањето на пивото, пената, бојата и вкусот, хармоничноста и балансот на вкусови и свежината.

„Светлата боја, бистрината, газираноста, свежината, горчината како и другите карактеристики на пивото, го прават Златен даб синоним за европско лесно лагер пиво и го двојат од другите пива на македонскиот пазар“, истакна проф. д-р Цепф во своето објаснување.

„Преку инвестициите во истражување и развој на производи, уверени сме дека Златен даб ќе ги воодушеви вистинските љубители на германски стил на лагер пиво. Прилепска пиварница и понатаму останува посветена на задачата секогаш да оди чекор напред во развивање и усовршување на производите за да ги задоволи и најпребирливите вкусови, но и да продолжи позитивно да ги изненадува своите потрошувачи“, изјави генералниот директор на Прилепска пиварница Сашко Самарџиоски.

Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ