НЛБ банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

НЛБ банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31 август. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Од 1 јули банката ги намали варијабилните каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула. Клиентите можат да аплицираат за НЛБ станбените кредити со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3% и варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот која е намалена и сега изнесува 4% (4 процентни поени + 6 месечен ЕУРИБОР).

Воедно, по повод 35 годишниот јубилеј на банката, НЛБ станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Сo промотивната понуда и поповолните услови НЛБ Банка сака да им излезе во пресрет на своите клиенти, да застане како нивен сигурен и доверлив партнер и да ги охрабри во донесувањето на некои од најзначајните животни одлуки, а тоа е купувањето на свој сопствен дом, решавањето на потребата од дополнителни финансиски средства, реновирање…

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе