НЛБ банка пак нуди одложување на кредитните обврски за физички лица

Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица завршува на 30 септември. Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од ковид-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ банка повторно ќе овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти.

Можноста за одложување на плаќањето ќе се однесува на сите физички лица, кредитокорисници во НЛБ банка, кои имаат активни кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29 февруари 2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во НЛБ банка кои имаат кредитна изложеност што е одобрена во период од 1 март 2020 до 24 март 2020 година и се финансиски афектирани од пандемијата на ковид-19.

Одложувањето на плаќањето на кредитните обврски ќе биде овозможено за дополнителни 6 месеци, најдоцна до 31 март 2021 година, за клиентите - физички лица кои имаат неопходна потреба од истото, односно исполнуваат најмалку еден од следните критериуми: кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат престанок на работен однос во периодот на кризата, кредитокорисникот и/или со него поврзаните лица и/или ко-кредитобарателот имаат намалување на платата од најмалку 10% во периодот на кризата, високи медицински трошоци поради болест предизвикана од ковид-19.

Клиентите кои согласно евиденцијата на банката исполнуваат некој од овие критериуми ќе добијат индивидуална понуда од банката, која ќе можат да ја прифатат преку веб страницата на банката во рок од 10 дена од датумот на доставување на понудата. Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.

Клиентите на кои банката нема да им достави индивидуална понуда, а сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми, ќе можат самостојно да аплицираат и да поднесат барање за одложено плаќање преку веб-страницата на банката, со приложување на соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите. Притоа, банката ќе пристапи кон разгледување на примените барања и за својата одлука дополнително ќе ги извести клиентите. 

Со цел детално запознавање на клиентите со можноста за одложено плаќање на кредитните обврски,  НЛБ банка на својата веб страница ќе објави информација со спецификација на критериумите за користење на можноста за одложено плаќање, како и дополнителни информации за начинот на спроведување.

Комерцијален текст

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе