Центар за граѓански комуникации

Ниту едно од 30-те најголеми пратпријатија во државна сопственост нема високо ниво на транспарентност

Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28 отсто од можни 100 отсто, покажало истражувањето „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост" што го објави Центарот за граѓански комуникации.

Ова истражување покажало и дека ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност, со исполнување на обврските над 60 проценти.

„Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои шест основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето. Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31 отсто, а претпријатијата основани од општините 27 отсто. На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52 отсто, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0 се наоѓа АД Градски трговски центар“, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Според нив, речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори.

Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори. Според резултатите обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67 отсто од претпријатијата.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе