Министерот најавил дека договорите на апликантите ќе им бидат доделени на терен и дека праксата започната во периодот 2017-2019 година на неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци, ќе продолжи и во наредниот период.
Во периодот 2017-2019 година, како што е соопштено од министерството, се стави акцент на зголемување на обработливите површини преку правична распределба на државната земја. Склучени биле 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште во закуп, искористени биле 4.000 хектари државно земјоделско земјиште во закуп за до 3 и над 3 хектари, склучени биле 35 договори за површина од 124 хектари за производство на добиточна храна.