„Воедно сакаме да се заблагодариме за стекнатата доверба од 213/569 пациенти и направените 298.186 приеми.
Благодарение на довербата станавме лидери во тестирањето на ковид-19 со пристапот на најниски цени со докажан квалитет и тоа не направи единствени и достапни во државата со реализирани вкупно 287.780 тестови од кои 134.908 ПЦР ковид-19 тестови и 152.872 брзи антигенски тестови.
Ни преставуваше чест и задоволство што реализиравме 520.000 услуги за граѓаните и тоа не етаблира како установа која во својата визија го има приоритетот на здравјето на граѓаните.
Горди сме што во нашето семејство НИКОБ лаб – биохемиска и молекуларна дијагностичка лабораторија имаме 120 вработени, 2 доктори специјалисти по медицинска биохемија, 4 здравствени соработници – биохемичари, 1 фармацевт, 24 медицински лаборанти, 9 молекуларен биолози, 80 административно- технички персонал од кои 6 возачи и 74 административни работници.
Ја поседуваме најдостапната мрежа во државата со локации во Скопје – База Кисела Вода, Аеродром ТАВ – Скопје и Охрид, погранични локации – Гевгелија, Дојран, Табановце и Струмица, локации во внатрешноста: Велес, Кавадарци, Прилеп и Кочани.
Стратегијата за целата оперативна поставеност е доближување на услугата согласно потребите и барањето на заедницата и граѓаните за навремена и непречена услуга.
На располагање на граѓаните за достапност на услугата според место на живеење и според потребите на заедниците ни е овозможено со возен парк од 4 санитетски возила и 7 леки коли“, соопшти компанијата.
Коемрцијален текст