Шокантното поскапување на нафтените деривати уште еднаш докажа дека одлуката на Владата е само обид за измама на граѓаните и без никаков олеснителен ефект врз домаќинствата, рече Незири и додаде дека Владата го послушала предлогот на неговата партија за намалување на акцизата и ДДВ-то, но не и дека не го прифатила целосно тоа што било предложено. Затоа, нагласи, денеска имаме ефект на драстични поскапувања.
„Секој друг експеримент сериозно ќе им наштети на граѓаните и ќе има влијание и на цените на другите производи. Ќе биде бескорисно да се укине ДДВ за прехранбените производи, ако транспортот и енергијата поскапат за производителите, нагласи пратеникот на Алијанса за Албанците Аднан Незири.