Средба на Реџепи и Малинов

НЕР АД Скопје и Булгартрансгаз може да градат втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич

За можностите за продлабочување на соработката меѓу државните оператори за пренос на природен гас, како и за развојот на регионалниот пазар на природен гас разговарале вчера извршните директори на Национални енергетски ерсурси (НЕР) АД Скопје, Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз,  Владимир Малинов на работната средба во Скопје.

Како што соопштија од НЕР АД Скопје, дел од идните предизвици помеѓу двата државни оператори се изградбата на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич, зголемување на сегашните погранични капацитети и партнерството во изградбата на LNG- терминалот во Александруполис.

„Во овие пријателски разговори заедничкиот заклучок е да изградиме што повеќе мостови за соработка и колку што е можно повеќе да ги минимизираме бариерите помеѓу нас“, велат од НЕР АД Скопје.

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе