Министерство за земјоделство

Непречено се одвива извозот на праски

Извозот се одвива непречено и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија и Косово, констатираа денеска претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија кои денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев.

На средбата, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, присуствувале и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговарало за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

На средбата се презентирани предлози за подобрување на соработката меѓу производителите и откупувачите и договорена е средба во поширок состав, на која од страна на производителите ќе се претстават предлозите за партнерство меѓу нив и откупувачите.

„Во меѓувреме инспекторите од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот. ДФЛ работи со доволен капацитет за извршување на редовните анализи кои се потребни за непречен извоз”, се вели во соопштението од МЗШВ.

Следната недела МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе