ССМ забележува

Неопходните трошоци над 33 илјади денари - просечната плата 28 илади денари

Во последниот месец од минатата година основните месечни трошоци за едно семејство изнесувале 33.697 денари, додека пак, просечната плата изнесувала 27.889 денари.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според ССМ, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.078,27 денари или 41,78 отсто, на домување 10.817,34 денари или 32,10 проценти, на хигиена 2.386,07 денари или 7,08 отсто, на превоз 2.464,22 денари или 7,31 процент, на облека и обувки 2.159,41 денари или 6,41 отсто, на култура 1.066,79 денари или 3,17 отсто, а на одржување на здравје 724,8 денари или 2,15 проценти.

Просечната исплатена нето плата во октомври 2020, потсетува ССМ, беше 27.899 денари.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе