Прес-конференција на владините портпароли

Нема потреба од паника заради најави за поскапувања на производи, вели Владата

Не треба да се создава паника со најави за високи поскапувања, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата ќе го запре поскапувањето по примерот на српската влада која ги замрзна цените на основните прехранбени производи на 60 дена. Директен одговор на поставеното прашање не беше даден.

„Постојат механизми, Владата ги уверува граѓаните, како и стопанствениците, дека и натаму ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за соодветно да се реагира на секој предизвик. Државата ги следи состојбите во сите сектори во економијата, вклучително и во преработувачката и прехранбената индустрија. Владата е во постојан отворен дијалог со сите засегнати страни на стопанството. Една таква комуникација се одвива преку Платформата за социјално-економски дијалог која ги опфаќа социјалните партнери и четирите најголеми комори, преку која се одржуваат редовни состаноци и тој не е прекинат“, рече Арсовски на редовната прес-конференција на која беа соопштени владините одлуки од вчерашната и денешната седница

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе