Нема место за паника за снабдувањето со гас, вели министерот Бектеши

Немаме најава за забрана за проток на природен гас. Трговците редовно ги снабдуваат индустриските капацитети со гас, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој нагласи дека не се завршени разговорите со Бугарија за цената на струјата

„Немам информација дека е запрен гасот. Имаме трговци кои редовно ги снабдуваат индустриските капацитети и другите потрошувачи со гас. Немаме никаква најава за забрана за проток на природен гас од интерконекторот што го имаме со Република Бугарија“, рече Бектеши.

Во однос на тоа дали ќе се склучи договор со „Макпетрол" за набавка на природен гас, Бектеши рече дека за тоа треба да одлучи ЕСМ.

„Ако ЕСМ има интерес во делот на цената зошто не би се склучел договор со Макпетрол или со други снабдувачи на гас. Ако цените се многу високи, ЕСМ има обврска да најде што поволна цена која нема да влијае на цените на потрошувачите“, рече Бектеши.

Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени, рече министерот. Утре ќе имаме уште еден онлајн состанок заедно со мојот бугарски колега, но многу е важно во решавање на вакви ситуации да се придонесе во духот на добрососедството и продлабочување на соработката меѓу соседите, изјави Бектеши, откако вчера Бугарското национално радио (БНР) објави дека Бугарија и Македонија не успеале да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во земјава.

„Во разговорите што ги имав со премиерот Ковачевски, со претседателот Радев, и со премиерот Донев и со мојот колега Христов гледам добра волја за да имаме договор што ќе биде во корист на двете земји. Тука зборуваме за технички работи, зборуваме за да се справуваме заеднички со енергетската криза, посебно во делот на грејната сезона и политикантството е оставено на страна“, изјави Бектеши, изразувајќи уверување дека со Бугарија ќе биде постигнат договор.

Тој рече дека вчера во медиумите се појавиле неколку наслови во врска со ова прашање, кои како што рече, сите од нив се невистинити.

„ Никогаш не е побарано берзанска цена на енергијата заради тоа што тоа и сега го имаме. Веќе имаме договор со Грција, со Бугарија, со Србија и со Косово да нема застој во делот на пограничните капацитети што значи дека берзите се отворени и такви шпекулации во однос на тоа дека ќе има намалување за 15, 20, 30 отсто од берзанската цена се невистини“, рече министерот.

На 5 септември премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Македонија

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе