Недела не е неработен ден за трговците во туристичките места, дневницата ќе биде повисока за сто отсто

Откако Собранието вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија, сите трговци на големо и на мало во туристичките места добија можност да работат во недела и на државни празници со тоа што ќе добиваат 100 отсто повисока дневница.

Како што објави вчера министерот за економија, Крешник Бектеши, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

„Имајќи ги предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Северна Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти“, пишува во објавата на Бектеши.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Истите денови можат да работат и слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари.

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе