„Недела на македонски производи” од утре до 18 јуни во Букурешт

Министрите за земјоделство и за економија,  Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши, и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, утре во Букурешт ќе ја отворат еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи”.

астанот во Букурешт, како што најавија од МЗШВ, ќе се одржи во зградата на Стопанската комора на Романија. Пред влезот во салата ќе бидат поставени штандови со македонски производи од повеќе компании, кои ќе се презентираат со свои брендови и кои се наменети за дегустација за гостите на настанот и за сите посетители кои во наредните денови ќе ја посетат промоцијата. Промоцијата ќе трае до 18 јуни.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе