Како дел од целосната онлајн понуда е и ексклузивниот A1 Alpha 20+ за 69 денари/месечно, како и новиот Xiaomi Realme достапен за месечна рата од 169 денари, со А1 Neon+. Целата понуда на телефони корисниците може да ја видат на официјалната веб страница на А1 Македонија на линкот.
Тоа што овој Блек фрајдеј го прави уште подобар е со избор на A1 Neon+ тарифниот модел, достапен ексклузивно преку A1 oнлајн продавницата или A1 Live Shop, корисниците може да добијат 30GB промотивен мобилен интернет, до 100GB Net Sef опција со можност за размена на неискористени GB, како и вклучена ноќна опција за неограничено сурфање од полноќ па сè до 6 часот наутро.
Понудата е достапна и важи за нови и постоечки корисници на мобилни услуги на тарифните модели A1 Neon и A1 Neon+, кои ќе направат активација или обнова на корисничкиот договор преку еден од горенаведените канали за продажба, со договорна обврска од 24 месеци.
Промоцијата Блек фрајдеј трае до 30-ти ноември, а количините се ограничени.