вторник, 16 април 2024

63 тони почва од ОХИС загадена со линдан денеска е извезена во Германија

Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира третиот дел од извозот, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Индавер ХИМ Гмбх во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Воедно, денеска ќе бидат извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан во вкупна количина од околу 120 тони од четвртиот дел (ЛОТ 4). Крајната дестинација на овие контејнери е во фирмата Треди Св. Вулбас во Франција.

„За ЛОТ 4 се обезбедени средства и се очекува во наредните два до три месеци тој целосно да биде реализиран. Останува уште да се обезбедат средства за ЛОТ 5 со што целосно ќе биде расчистена малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Поголем проблем ќе претставува расчистувањето на големата депонија со линдан која опфаќа и делови од Пеленица за што ќе бидат потребни многу повеќе средства кои допрва треба да се обезбедат“, велат од Државниот инспекторат за животна средина за МИА.

Нагласуваат дека во текот на денот главниот инспектор за животна средина Хусни Тачи ќе направи инспекциски надзор на малата депонија во ОХИС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ